1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една година од почетокот на Арапската пролет

17 декември 2011

Со протестите во Тунис започна Арапската пролет. Во меѓувреме во земјите од арапскиот свет се симнати од власт повеќедецениските властодршци и се формирани преодни влади и покрај конфликтите.

https://p.dw.com/p/13Ul9
Се‘ започна во градот Сиди Буазид...Фотографија: DW

Граѓаните на Тунис денеска ја одбележаа годишнината од самозапалувањето на уличниот трговец Мохамед Буазизи, што се смета за почеток на Арапската пролет. Дваесетишестгодишниот Буазизи со овој чин протестираше против конфискацијата на неговата стока во градот Сиди Буазид и со тоа ненамерно ги иницираше протестите во арапскиот свет. Со масовните демонстрации, но и крвави граѓански војни, беа срушени диктаторски режими и целосно беше сменета политичката карта на Блискиот Исток.

Дваесетишестгодишниот Буазизи оваа недела беше постхумно одликуван со европската мировна награда „Сахаров“.

Земјата каде што започна Арапската пролет сега е најнапредна во однос на демократизацијата. Единаесет месеци по падот на претседателот Зине ел Абедин Бен Али (на 23 јануари пребега во егзил во Саудиска Арабија), Тунис доби демократски избран претседател - поранешниот борец за човекови права Монцеф Марзуко на 13 декември положи заклетва на функцијата. На првите слободни избори на 23 октомври годинава победи исламистичкото Енхада движење, кое за време на режимот на Бен Али се сметаше за екстремистичко и беше забрането.

Автор: АТ/ дпа/ дапд/ макфакс

Редактор: Жана Ацеска