1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една година од крвавата драма во Беслан

31 август 2005

Пред една година се случи трагедијата во рускиот град Беслан- сите ги паметат крвавите слики од учениците кои тој ден, не го дочекаа првиот школски час. Терористи го заземаа училиштето, а драмата по два дена ѕаврши трагично ѕа вкупно 330 луѓе, меѓу кои и 186 деца. Но една година потоа, и покрај трите напоредни истраги, се уште нема јасен одговор на прашањето – што навистина се случи во Беслан.

https://p.dw.com/p/AcCv
Многумина ги загубија блиските во крвавата драма
Многумина ги загубија блиските во крвавата драмаФотографија: AP

Училиштето се уште е под риуни. Никогаш пред тоа цело училиште не било мета на терористи. Пред него сега има полицајци, цвеќе и шишиња со вода кои потсетуваат на жедните усти ѕа време на трагедијата. Секојдневно во беслан се слуша плачот на родителите на гробиштата. Речиси и да нема семејство кое не иѕгубило некој блиѕок во крвавата драма.

Триесетина оружени чеченски терористи на 1 септември минатата година заземаа едно училиште во северна Осетија, за време на постројувањето пред првиот училишен ден. Терористите ги држеа заложниците се до крвавиот расплет на 3 септември. Како организатор е обвинет чеченскиот терорист Шамил Басаев, но се уште не е јасно- колку точно терористи и на каков начин го заземале училиштето, како почнал крвавиот расплет и кој бил одговорен за тоа. Нејасно е и зошто било користено моќно оружје, како на пример еден тенк. Судскиот процес против Нурпасе Кулајев, кој е единствениот од терористите кој ја преживеа драмата, се уште не е завршен. Она што можеше да се слушне во текот на процесот предизвика бура на огорчување кај родителите и роднините на жртвите, кои сметаат дека многу од официјалните верзии на властите не соодветствуваат на вистината.

Руските медиуми наведуваат дека сведоците во судскиот процес укажувале дека руските сили на безбедност во контранападот на училиштето, каде беа блокирани повеќе од 1200 заложници, укажувале на корумпираност на чиновниците во полицијата, благодарение на кои терористите успеале да го завземат училиштето. Затоа, се почесто за трагедијата се обвинуваат властите, пред се федералните, вклучувајќи го и самиот претседател Владимир Путин.

Минатонеделниот протест на комитетот на мајките во Беслан во зградата на судот имаше јасна порака- вината за смртта на луѓето не е само кај терористите , туку и кај оние кои беа задолжени аа нивно ослободување, односно највисоките републички и федерални функционери.

Оттука и директната порака упатена до федералните власти дека никој од нив не е пожелен во Беслан на одбележувањето на годишницата на трагедиојата од 1 до 3 септември минатата година.

Путиновиот повик до комитетот на мајките да се сретнат на 2 септември предиѕвика сериозни померстувања во Беслан.

Сузана Дудијева, која е на чело на комитетот, вели дека Путин прави валкан политички потег и дека токму тоа е причината ѕа нивното патување во Москва.

,, Долго време размислувавме околу тоа и се одлучивме да тргнеме за Кремљ и лично очи в очи да ги спротивставиме ставоцвите. Путин е обврзан да не сослуша. Сакаме да му кажеме дека е одговорен за трагедијата и дека чекаме да изведе заклучок околт тоа што се случи во Беслан, вели Дудијева.

Шефот на парламентарната комисија за истрага на терористичкиот напад, Александар Торшин тврди дека родителите и роднините на жртвите од Беслан се раководат од емоции и дека се нелогични во своите обвинувања кон руското раководство. Според неговите зборови, фактот дека судскиот процес против Кулајев е почнат, укажува на тоа дека властите не се заинтересирани за криење на вистината.