1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египќаните сакаат нов претседател

4 февруари 2012

По дводневни безредија, во кои имаше најмалку осум загинати, во Египет се засилуваат повиците за предвремени претседателски избори.

https://p.dw.com/p/13wyF
Демонстрации на плоштадот Тахрир во КаироФотографија: REUTERS

Протестното движење во Египет денеска (04.02) побара оставка на Воениот совет во земјата и брзо одржување претседателски избори. Весникот „Ал Тахрир“ денеска излезе со текст со наслов: „Земјата сака претседател“. Според предвиденото, инаку, прво би требало да се донесе нов устав, а потоа, во јуни, да се избира претседател на Египет.

Инаку, во Каиро протестите продолжуваат и денеска. Околу министерството за вантрешни работи, како што јави државната телевизија, имало поединечни судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите. Во безредијата, кои траат од четвртокот, според наводи на телевизијата, загинале двајца демонстранти во Каиро и петмина во градот Суец. Вчера еден војник бил прегазен од воено возило. Според проценките на министерството за здравство, во безредијата се повредени повеќе од две илјади луѓе. Протестите почнаа во средата, кога на еден натпревар од првата фудбалска лига во градот Порт Саид, загинаа 74 лица. Фудбалските навивачи ги обвинуваат полицајците дека не презеле мерки за спречување на насилството. Освен тоа, кружат и гласини дека насилството го предизвикале тепачи-платеници на стариот режим.

Ägypten Krawalle Kairo Proteste Ausschreitungen
Фотографија: REUTERS

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Ж. Ацеска