1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет со нови демонстрации и насилства

АМ/миа/афп5 октомври 2013

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост поради насилствата во Египет, што се случија во текот на исламистички демонстрациии и во кои загинаа четири лица. Нови протести се најавени за утре.

https://p.dw.com/p/19u6n
Фотографија: Reuters

„Тој ја нагласи неопходноста демонстрациите да бидат мирни, да се почитува слободата на собирања и ненасилство“, изјави портпаролот на Бан, Мартин Несирки. Тој додаде дека Бан се залага за политички процес во кој ќе бидат вклучени сите, за почитување на човековите права, вклучително и на оние кои се приведени.

Судирите се случија вчера (04.10) во Каиро и уште неколку египетски градови за време на протестите организирани од приврзаниците на движењето Муслиманско братство на Мохамед Мурси. Воени трупи со тенкови и бодликава жица го опколија плоштадот Тахрир, употребија солзавец и пукаа во воздух, откако локални жители и демонстранти се судрија меѓу себе и почнаа да се каменуваат.

Приврзаниците на сменетиот од власт исламистички претседател на Египет, Мохамед Мурси, најавија дека ќе организираат масовни протести утре (06.10.), кога земјата ќе одбележи 40 години од започнувањето на арапско-израелската војна во 1973 година. Повикот за одржување на протести тие ги предизвикуваат безбедносните служби. Приврзаниците на соборениот египетски претседател планираат да го заземат плоштадот „Тахрир“. Според извори од безбедносните служби, исламистите на овој ден се подготвуваат да извршат терористички напади и саботажи.