1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет: Сенатот избран неуставно

ЖА/дв/дпа/ртре2 јуни 2013

Борбата за политичка моќ во Египет продолжува во нова рунда: Уставниот суд пресуди дека ниту Сенатот, ни Уставната комисија која го работеше новиот устав, не се избрани според закон.

https://p.dw.com/p/18iX2
Фотографија: picture-alliance/dpa

Судиите од Уставниот суд на Египет му го оспорија легитимитетот на Сенатот. Египетскиот уставен суд го прогласи за неуставен законот со кој е избран Сенатот во кој доминираат радикално исламистички салафисти.

Но, Сенатот нема да биде распуштен пред да биде избран новиот парламент. Одлуката на Судот е објавена денеска и во неа се вели дека Сенатот или Советот - Шура, ќе биде распуштен откако ќе биде избран нов парламент, но во меѓувреме тој не може да донесува нови закони.

Датум за нови избори не е определен. Според претседателот Мохамед Мурси, тие може да се одржат во октомври. Освен тоа, Уставниот суд ги прогласи за незаконски критериумите за состав на комисијата за изработка на новиот устав. Таа зимоска го изработи новиот устав на земјата, со која им се даваат поголеми права на исламистичките духовници.

Моментно Сенатот е единственото законодавно тело, зашто во Египет веќе една година не постои вториот дом на парламентот.

Највисоките државни органи во земјата со месеци водат борба за поголема политичка моќ. Претставничкиот дом беше распуштен минатиот јуни. Тогаш Уставниот суд го прогласи неговиот избор за неуставен поради формална грешка во изборниот закон. Пред соопштувањето на најновата одлука, зградата на Уставниот суд во престолнината Каиро, беше ставена под засилена полициска заштита.