1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

65 насто за исламистите

4 декември 2011

Во првата рунда од парламентарните избори во Египет во која се гласаше во главниот град Каиро, Александрија и седум други провинции исламистичките партии освоија 65 проценти од гласовите.

https://p.dw.com/p/13ML1
Фотографија: dapd

Египетската државна изборна комисија соопшти дека „Партијата на слободата и праведноста “ на умереното исламско движење Муслимански браќа, што со децении беше забрането, освои 36,62 отсто од гласовите, потоа следат радикално-исламистичката партија на салафистите Ал Нур со 24,36 и умерената центристичка партија Ал-Васат со 4,27 насто гласови.
На првите избори по соборувањето на режимот на Хосни Мубарак забележана е рекордна излезност од 62 проценти.

На почетокот од неделава се гласаше само во една третина од изборните единици во Египет за новиот Долен дом од Парламентот. Во наредниот период следува гласањето во останатите изборни окрузи во земјата. Конечната распределба на 498 места во парламентот во Каиро треба да биде позната на 13 јануари наредната година.

Автор: СН/АТ/ртр/мф

Редактор: Александра Трајковска