1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет избира меѓу две зла?

Александар Методијев/ројтерс/афп16 јуни 2012

Египќаните започнаа да гласаат на изборите за претседател на земјата. Тие имаат избор меѓу конзервативен исламист и и поранешен висок воен офицер, кој беше последен премиер пред соборувањето на Хосни Мубарак од власт.

https://p.dw.com/p/15GJQ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Право на глас во земјата имаат 50 милиони луѓе и за новиот египетски претседател ќе се гласа два дена. Ова е вториот круг од изборите и медиумите јавуваат дека пред гласачките места се создадени редици на гласачи. Тоа се првите слободни претседателски избори во историјата на земјата.

Сепак, ниту парламентот, ниту уставот имаат дефинирано каква моќ ќе има претседателот на земјата и со тоа 82 милиони Еѓипќани, странските инвеститори и сојузниците од САД и Европа се несигурни каква ќе биде државата на најбројната арапска нација. Во земјата се поткренати тензиите и со наредбата на судот за распуштање на новоизбраниот парламент, во кој доминира Муслиманското братство.

Ägypten Verfassungsgericht löst ägyptisches Parlament auf
Граѓаните стравуваат за иднината на ЕгипетФотографија: Reuters

Многу од жителите на Египет изјавуваат дека ќе ги поништат своите гласачки ливчиња, наместо гласот да го дадат за Ахмед Шафик, 70-годишниот поранешен воен функционер и последен премиер во времето на Хосни Мубарак, или за Мохамед Морси, 60-годишниот член на Муслиманското братство. Многу граѓани стравуваат дека Египет може да се врати во времето на стариот режим, доколку Шафик стане нов претседател на земјата. Во исто време, тие стравуваат дека доколку победи кандидатот на Муслиманското братство, граѓанските слободи ќе бидат нарушени.