1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет - година на пропуштени шанси?

25 јануари 2012

Пред една година во Каиро стотици илјади луѓе се плашеа, протестираа и го натераа поранешниот владетел Хосни Мубарак да се повлече. На годишнината, владеачкиот Врховен воен совет ја укина вонредната состојба.

https://p.dw.com/p/13pZs
Египетски демонстранти извикуваат слогани, а еден држи копија од Коранот, а христијанин крст, на протестите одржани во петокот во КаироФотографија: picture-alliance/dpa

Според видувањето на Хамади Ел-Аоуни, професор по политика и економија на Слободниот универзитет Берлин, нема вистинско укинување на вонредната состојба. Тоа е формална отстапка кон демонстрантите. Во реалноста војската може да го употреби поимот насилник врз секој граѓанин на Египет. Кога гледа наназад кон минатата година, Ел-Аоуни забележува: „Тоа започна со арапската пролет и резултираше со една исламистичка есен.“

На 25 јануари 2011 беше првата голема демонстрација на плоштадот Тахрир во Каиро. Луѓето кои се собраа таму бараа повеќе демократија, социјална правда и право за слобода на изразување на мислењето. Имаше се’ повеќе собири и само три недели подоцна претседателот Мубарак се повлече од власт.

Rolf Mützenich (SPD) im Bundestag
Ролф Миценик вели дека Западот бил малку заразен со еуфорија околу случувањата во ЕгипетФотографија: picture-alliance/dpa

Во меѓувреме се одржаа првите слободни избори. Добри 70 проценти од изборните гласови обединија различни исламски и исламистички групи. Партијата „Слобода и правда“ на Муслиманското братство, кое се нарекува умерено исламистичко, доби добри 47 проценти од гласовите и со тоа му припадна најважната улога во формирањето на владата. Од изборот на коалиционите партнери ќе зависи каков ќе биде религиозниот Египет во иднина. Втората најјака сила стана радикално исламистичката „Партија на светлината“, со повеќе од 24 проценти, а на третото место дојде либералната Вафд партија со добри осум проценти од гласовите.

Изборниот резултат разочарува, смета портпаролот за надворешни работи на пратеничката група на СПД во Бундестагот Ролф Мицених и додава: „Преку ретроспективата се доаѓа секогаш поблиску до вистината и веројатно ние бевме малку заразени со еуфорија“.

Да не се застрашува

21.01.2011 DW-TV Quadriga Hamadi El-Aouni
Хамади Ел-Аоуни вели дека арапската пролет заврши со исламистичка есен, алудирајќи на промената на власта и исходот од изборите

Мицених напоменува дека постои несугласување внатре во овие групи. Не смее да се превиди дека кај Муслиманското братство има многу млади и критички настроени активисти. Тој нагласува дека исто така и процесот на демократизација во Европа не минал без неволји.

„Верувам оти многу Еѓипќани прифаќаат дека исламот е значаен културен и истористи мост во нивното општество, но и дека доминантноста на религијата со сигурност од мнозинството перманентно нема да биде прифатена“, вели Мицених.

Политикологот Ел-Аоуни е скептичен во однос на демонстрираната умереност на исламистичките групи. Тие треба да бидат оценувани според тоа дали успеале да одржат национално единство во Египет и ако ја донесат ветената социјална правда. Многу млади луѓе, посебно тие од населбите во лоша состојба, немаат многу прспективи за својот живот.

Таму редовно исламските групи нудат потпора и помош. Тие млади луѓе учествуваа и во Арапската пролет, надевајќи се на подобар живот.

Гледај и учи

Мицених верува дека Западот сега многу внимателно ќе ги надгледува процесите во Египет и порачува дека целото општество, а не само владите и парламентите се фокус на интересот. Како пример ги дава Турција и Индонезија, каде има договор за дозволување и на исламот и на демократијата. Значајна компонента на демократскиот процес во Египет е војската. А, штрајкувачите од плоштадот Тахрир, кои со недели го изразуваа своето барање за политички реформски процес, остануваат скептични, бидејќи имаше повторување на дури и насилни напади на полицијата и војската врз демонстрантите.

Автор: Сабине Хартерт – Мојдехи/ Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска