1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврото урива рекорди

27 февруари 2008

Европската валута денеска за прв пат ја достигна психолошката граница од 1,5 долари. Едно евро на светските пазари се продаваше за нешто повеќе од 1,5 долар што е највисока вредност од неговото воведување во јануари 1999

https://p.dw.com/p/DELR
Фотографија: AP
Главната причина за последниот курс на европската валута се најновите конјуктурни прогнози од Европа и САД. Претприемачите во Германија се оптимисти во однос на идните движења на пазарите, за разлика од САД каде и натаму владее страв од рецесија. Американската валута забележа негатива воочи обраќањето на шефот на американската Федерална Банка, Бен Бернанке, во Конгресот. Таму тој се очекува да сигнализира натамошно намалување на каматните стапки како превентива од рецесија во земјата која важи за најсилна економија во светот. За разлика од Американците, Европската централна банка, од минатото лето не направила корекции на основната каматна стапка која изнесува 4%. Такво нешто не се очекува ниту на состанокот закажан за наредната недела. На зголемувањето на вредноста на еврото се радуваат европските туристи кои во последно време во се поголем број патуваат на шопинг преку океанот. Веста е добра и за дел од европската индустрија која е зависна од увоз на суровини, чија вредност е врзана со американскиот долар. Сепак истовремено владее и загриженост дека високиот курс на еврото ќе предизвика и одрдени загуби. Темната страна на ниската вредност на доларот ќе предизвика поскапување на европските поризводи и услужните дејности. Ваквиот развој на случувањата во САД, ќе предизвика и намалување на извозот во зоната на доларот.