Еврото низ удолница
2 јуни 2005Реклама
Политичката криза во Европа придонесе за паѓање на вредноста на еврото. Само во последниот месец еврото загуби 5 проценти од вредноста, што е нов развој. Според мислењето на берзијанците тоа што паѓа курсот главно се должи на владините кризи во Германија и Франција, како и одбовањето на уставот на ЕУ од страна на Холандија. Холгер Бар од Декабанк смета:
„Долгорочно не е ништо значајно што еврото се движи во таква насока, но краткорочно сигурно е тема што придонесе тоа да падне и под долар и 23 центи„.
Според мислењето на економистите, порастот на еврото зависи од добрите резултати на европската конјунктура. Меѓутоа, според прогнозите стопанскиот пораст во Европа ќе изнесува 1,2 насто, или само половината од порастот во САД.