1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврото има лош имиџ во Прага

Карен Харенброк/ Симе Недевски7 мај 2013

Чешка, за разлика од соседна Словачка, се’ уште не е дел од еврозоната. Круната и натаму го има главниот збор во земјата, а со оглед на актуелната криза еврото, секаква дебата за воведување на еврото е депласирана.

https://p.dw.com/p/18Ga2
Фотографија: picture-alliance/dpa

Оваа машина чинеше повеќе стотици илјади евра. Ја купи чешкиот претприемач Милош Фирст, чие претпријатие произведува носечки плочи за електронски делови. Со новата машина тој енормно ја зголеми продуктивноста на фирмата. Тоа е неопходно, бидејќи индустриска Чешка одамна веќе не е земја со ниски плати.

„Цената на нашиот труд набргу ќе се изедначи со цената во западна Европа.Тогаш веќе нема да бидеме толку актуелни и интересни. Единствено што ни останува е квалитетот, сервисот и брзината на производство.“, вели претприемачот Милош Фирст.

Во производството работат многу жени. Вероника Климова проверува една серија носечки плочи пред нивната испорака. Месечно таа заработува околу 20 илјади чешки круни, односно околу 800 евра.

„Политичарите кај нас почнуваат да зборуваат дека и ние мора да го воведеме еврото. Сметам дека треба да сочекаме со тоа. Расположението кај населението исто така е против еврото.“, истакнува Вероника Климова.

Prag Stadtansicht
Фотографија: Getty Images

Еврото не е тема за наредните години

Притоа околу 80 насто од извозот на земјата оди во еврозоната. Минатата година беа извезени стоки во рекордна вредност од преку 40 милијарди евра, најголем дел од нив автомобили произведени во земјата. Затоа консултатантот Артур Браун го смета за важно воведувањето на еврото.

„Економски тоа апсолутно би имало смисла, посебно за чешките извозници, бидејќи тогаш ќе имаат поголем монетарен простор на чиј пазар можат да настапуваат без хеџинг и трансакциски трошоци. Но тоа не е тема за наредните години.

Назад на село. Ситниот претприемач Милош Фирст, иако зависи од извозот во еврозоната, сепак во моментов не би сакал домашната валута да ја замени за еврото. Еврото во моментов има премногу лош имиџ.