1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европско злато за кошаркарите на Франција

БГ/миа23 септември 2013

Кошаркарите на Франција се искачија на кровот на Европа по победата над Литванија во финалниот меч. Бронзениот медал и припадна на Шпанија која ја совлада Хрватска.

https://p.dw.com/p/19mDk
Фотографија: picture alliance/sampics

Кошаркарската репрезентација на Франција го освои првиот златен медал на Европските првенства откако синоќа во Љубљана ја совлада Литванија со 80:66. „Триколорите“ го играа своето трето финале (1949 и 2011 година) и конечно предводени од Тони Паркер освоија златен медал на едно големо натпреварување. Литванија остана со три титули европски шампион, а по вторпат го освојува сребрениот медал (1995 година).

Литванците единствено во првиот период беа рамноправен ривал, но потоа Французите постигнаа 31 поен за вкупно 50 на крајот од првото полувреме што беше само најава за победата во финалниот натпревар. Во 27. минута Франција водеше 64:42. Најдобри стрелци кај Франција беа Никола Батум 17 поени, Борис Диао 15, Тони Паркер 12, додека Алексис Ажанса имаше 10 скокови. Кај Литванија Линас Клеиза реализираше 20 поени, Мантас Калниетис 19. Потфрли „клупата“ на Литванија која постигна само 3 поени.

Во малото финале Шпанија ја победи Хрватска со 92-66 и со тоа го освои бронзениот медал.

Признанието МВП (најкорисен играч на шампионатот) му припадна на Тони Паркер, а во најдобрата петорка покрај Паркер се уште: Горан Драгиќ (Словенија), Бојан Богдановиќ (Хрватска), Линас Клеиза (Литванија) и Марк Гасол (Шпанија). Македонија во своето четврто учество го освои 21.место со една победа и четири порази. Домаќин на следното Европско првенство во 2015 година е Украина.