1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

010210 SWIFT USA EU

1 февруари 2010

Спорната спогодба меѓу ЕУ и САД, што им овозможува на американските разузнавачки служби увид во банкарските трансакции на Европејците, денеска стапува на сила. Но, не е се`завршено - таа мора да мине и во ЕУ-Парламентот.

https://p.dw.com/p/LoSE
Американците се`уште не одговориле на многу прашањаФотографија: DW-Montage/picture-alliance/dpa

Европските парламентарци на нож ја дочекаа „СВИФТ спогодбата“ склучена меѓу ЕУ и САД и планираат да не ја усвојат. Отпор се забележува кај парламентарните групи на скоро сите партии, кај либералите, социјалдемократите, левицата и Зелените. И најновото е што и демохристијаните се против. Пратеникот од редовите на Христијанско-демократската унија, Маркус Фебер истакнува:

„Дали Американците навистина имаат право да ја проверуваат секоја интернационална трансакција од Европа за да видат дали со неа се финансираат терористички групи? Ова не го прифаќаме. Не е одговорено прашањето за заштитата на податоците, не е одговорено прашањето за снимањето на овие податоци. Кога Американците повторно ќе ги избришат? Кои други институции ќе имаат пристап до нив?“

Сепак, спогодбата денеска стапува на сила, барем неколку дена пред да ја снема поради гласањето во Европскиот парламент. Тука станува видлива новата моќ на Парламентот, што ја доби благодарение на Лисабонскиот договор, кој стапи на сила на 1 декември 2009. Тој им дава право на пратениците да одлучуваат за СВИФТ-договорот.

Преводите не биле готови?!

Plenarsaal EU Parlament
Преводите стигнале во Парламентот дури минатата неделаФотографија: DW

Од страв дека Парламентот може да ја одбие американско-европската спогодба, европските министри за внатрешни работи набрзина го потпишаа документот, неколку дена пред 1 декември. Во очите на Европскиот парламент тоа беше грешка број еден. Притисокот од јавноста расте. Затоа шведското претседателство им вети на парламентарците: спогодбата СВИФТ ќе стапи на сила откако вие ќе ја изгласате. Сепак, текстот официјално влезе во Парламентот дури минатата недела, предоцна за европските народни избраници да гласаат за него пред 1 февруари. Објаснување за доцнењето: преведувањето на текстот на сите европски јазици траело предолго - грешка број два. Пратеникот од редовите на европските либерали, Александар Алваро, вели:

„Едноставно не можам да верувам дека преводите навистина не биле готови. Дали тоа значи дека сите 27 министри за внатрешни работи го ставиле својот потпис врз англиската или француската верзија на спогодбата? Не се сомневам во нивните јазични компетенции, но зарем се потпишува толку комплицирана спогодба, без да се прочита на мајчиниот јазик? Тоа ми е малку чудно. Затоа сметаме дека приказната со преводите е чист маневар, за да се избегне гласањето во парламентот.“

Повторно кнап

SEPA Überweisungsformular
Фотографија: AP

Шпанското претседателство засега не коментира. Минатата недела дојде до дебата во Одборот на Европскиот парламент за внатрешни работи, на која учествуваше и Џонатан Фол, генерален директор во Европската комисијата, втор човек по комесарот за внатрешни прашања. На дебатата се разговараше со повишени тонови, но Фол се обидуваше да ги смири учесниците и извлече ново изненадување од чантата: ќе се спроведе истрага околу тоа колку СВИФТ е навистина важен за заштитата на податоците, а резултатите ќе бидат претставени во четврток, на 10 февруари. Односно, на истиот ден кога Одборот за внатрешни работи ќе дебатира за спогодбата СВИФТ. Значи, повторно станува станува кнап - дали пратениците ќе имаат пристап до овој извештај, се` уште не е сигурно.

Автор: Кристоф Пресл / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска