1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот автомобилски пазар на удолница

ЖА/дв/дпа/ртре17 април 2013

Слободен пад наместо зрак надеж: европскиот автомобилски пазар се наоѓа на незапирлива удолница, а производителите не гледаат знаци на посакуваната промена на трендот.

https://p.dw.com/p/18HUp
Фотографија: DW

Потрошувачите во Европа направија уште едно големо заобиколување на автомобилските салони. Побарувачката за нови автомобили во Европа падна во март 18 месец по ред, притисната со падот на побарувачката во Германија, соопшти денеска Европското здружение на производители на автомобили (ACEA). Германија, каде владее вистински натпревар во давање попусти, забележа драстичен пад од 17,1 отсто помалку регистрирани нови возила, односно 284.184. И останатите големи пазари забележаа значителен пад, па така во Франција се регистрирани 16,2 отсто помалку нови возила, а во Шпанија 13,9 отсто помалку. Единствено Италија од поголемите држави забележала едноцифрен пад од 4,9 отсто.

Велика Британија повторно беше светла точка со зголемена побарувачка за 7,4 отсто, со регистрирани 394.806 нови автомобили, што е за 5,9 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Во март во 26 европски држави (без Малта) регистрирани се 1.307.107 нови возила, што е за 10,2 отсто во споредба со март 2012 година.

Во првите три месеци од годината во ЕУ се регистрирани 2.989.486 нови автомобили, што е за 9,8 отсто помалку во однос на првите три месеци од 2012 година.

За следните месеци автомобилската бранша сметаше со промена на трендот, но се чини дека таа ќе изостане.

„И во следните месеци не очекуваме подобрување“, изјави шефот на Дајмлер, Дитер Цече. Европскиот најголем автомибилски производител Фолксваген во првите три месеци од оваа година испорачал 7,5 проценти помалку автомобили во ЕУ од претходната година, а Џенерал моторс дури 13 насто помалку.

На поединечните светски пазари ситуацијата е значително подобра: во САД прометот во март пораснал за 3 проценти, а на најважниот во моментов, во Кина, за цели 13 проценти.