Европскиот автомобилски пазар во длабока криза
16 јануари 2013Прометот со автомобили во Европа поради долготрајната економска и должничка криза падна на ниво најниско во последните 17 години. Во 2012 година во сообраќајот во ЕУ се вклучиле околу 12,05 милиони нови возила, што е 8,2 проценти помалку отколку во 2011 година, соопшти европскиот сојуз за браншата АЦЕА ,во Брисел.
Падот на прометот е најголем во последните години. Се чини дека нема подбрување во вид на европскиот автомобилски пазар, зашто падот беше особено драстичен во декември лани. Во ЕУ во овој месец биле купени само околу 800 илјади нови автомобили, или 16,3 проценти помалку во истиот период од претходната, 2011 година.
Особено погодени се пазарите на автомобили во југоисточноевропските земји погодени од кризата. Така продажбата на возила во Грција е намалена за 40 проценти, во Шпанија за 13,4 насто, а во Италија според податоците оттаму, речиси за една петтина. Намалувањето на продажбата на нови автомобили во Германија за лани изнесува 2,9 проценти, а во Велика Британија - 5,3 насто.