1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа треба да одигра поголема улога во мировниот процес за Блискиот исток

12 март 2007

Придвижувањето во блиско источниот мировен процес ја поттикна една од најголемите издавачки куќи во Германија “Аксел Шпригнер“ да организира еднодневна конференција на оваа тема со гости од највисок ранг.

https://p.dw.com/p/Adsi
Ангела Меркел, претседавач со ЕУ
Ангела Меркел, претседавач со ЕУФотографија: AP

Меѓу 100-те угледни гости од политиката и науката вчера во Берлин се најдоа и канцеларката Ангела Меркел, израелскиот министер за социјални прашања Исак Херцог, како и евро-комесарката Бенита Фереро Валднер. Во бурната дебата голем дел од вниманието му беше посветено на атомската закана што потекнува од Иран.

Иран не само што му го одрекува правото на постоење на Израел, туку има и атомска програма. На тоа мора да му се спротистават сите средства од мирнодопски карактер, побара гостинот од Израел, министерот за социјални прашања Исак Херцог.

“Тоа не е само израелски проблем, туку на целиот слободољубив свет. Неговите вредности се загрозени и тоа мора да го разбреме.“

И германската канцеларка Ангела Меркел во дебатата се сложи оти меѓународниот притисок врз Иран мора да се зголеми. Таа смета со поострени санкции на Советот за безбедност на ОН. Но, Меркел го набљудува проблемот со Иран во поширок контекст:

“Прашањето како ќе се развива потенцијалот на закана од Иран во регионот на Средниот и Блискиот исток е многу тесно поврзано со другите конфликти во регионот, пред се‘ со оној меѓу Израел и Палестинците.!“

Меркел се заложи за поактивна улога на ЕУ во блиско источниот квартет каде уште седат претставници на ОН, САД и Русија. Само со заеднички сили може да се најде мировно решение:

“Тоа ќе ни појде од рака само ако ги зајакнеме и силите во регионот кои сакаат мир. Без волјата на арапските земји нема да успееме. Затоа ми е многу драго што се создаде нешто како арапски квартет во кој членуваат Јордан, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет.“

Евро-комесарката Бенита фереро Валднер на Конференцијата во Берлин предупреди од преголеми очекувања од претстојниот состанок на Блиско источниот квартет во април во Египет:

“Процесот мора да се продолжи и мислам дека треба да разговараме и за конечните преговори. Мислам дека е важно да ги разјасниме политичките визии за Блискиот исток.“

И таа како и канцеларката Меркел смета дека европските искуства по Втората светска војна можат да бидат од голема важност за надминување на блиско источниот конфликт.