1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа се тетерави - Меркел полека ги губи сојузниците

Сабине Хенкел/ Симе Недевски24 април 2012

Конзервативната влада во Холандија даде оставка, а во Франција се’ упатува на тоа дека социјалистот Оланд ќе стане нов претседател. Остануваат се’ помалку истомисленици на германската канцеларка во европската политика.

https://p.dw.com/p/14k4z
Фотографија: dapd

Е тоа беа времиња, кога францускиот претседател Никола Саркози јавно и изразуваше љубов на германската канцеларка: „Ја сакам Ангела Меркел, повеќе од колку што можам да кажам“. И така произлезе кованицата од Меркел и Саркози - Меркози, која во медиумите стана нормален термин. Во меѓувреме двајцата се практично разделени, зашто Саркози се сака само уште себеси и ги отфрла сите убедувања само за да остане на власт - меѓу нив и некогашната љубов кон германската канцеларка. А, Меркел - како таа гледа на тоа?

„Јас сум сосема опуштена, не сум под притисок на прашањето каков ќе биде исходот на претседателските избори во Франција, но моите партиско-политички чувства се познати“, рече Меркел.

Штедење но и раст

А, партиско-политичките чувства горе-долу се на страната на конзервативецот Саркози. Но, сигналите во Франција говарат оти е речиси сигурно дека социјалистот Франсоа Оланд ќе победи на претседателските избори. Оланд помалку ја сака Меркел отколку што официјално може да каже, а уште помалку го сака нејзиното откритие: фискалниот пакт. Со него Франција заедно со уште 24 други држави во ЕУ планира да се обврзе на штедење. Меѓутоа, Франсоа Оланд има други претстави.

Deutschland Frankreich Bundeskanzlerin Angela Merkel und Präsident Nicolas Sarkozy
Од времето на „големата љубов„ меѓу Меркел и СаркозиФотографија: dapd

„Ќе ја одбијам ратификацијата на договорот“, повеќепати најави Оланд. Во меѓувреме, тој веќе по малку попушти. Тој ќе го потпише фискалниот пакт ако тој биде проширен и тоа со мерки со кои треба да се поттикне економскиот раст. Со тоа може да живее и Ангела Меркел и тоа многу добро:

„Солидната буџетска политика е оддржлива и на долг рок секогаш добра за растот. Нам не ни треба само солидна буџетска политика туку и се’ друго за поттикнување на растот“.

Значи повеќе нема противречности меѓу канцеларката и можниот иден претседател на Франција, Оланд.

Меркел полага на континиутет

Затоа, пак, проблеми има во соседна Холандија. Таму Меркел би можела да загуби уште еден сојузник. Марк Руте досега водеше мирна и тивка европолитика. Програмите за штедење за него не беа проблем. Но, сега станаа. Десноектремистичкиот политичар непријателски настроен кон ЕУ, Герт Вилдерс, и ја откажа поддршката на холандската владина коалиција токму поради програмата за штедење. И повеќето граѓани на Холандија го сметаат курост на штедење на Меркел за претеран. Ако по новите избори во Холандија се променат силите во парламентот можно е земјата да се откаже од строгиот фискален курс? Можно е, меѓутоа избори како овие не ја заплашуваат Меркел:

„Во Европа секој ден некаде се оддржуваат избори. Кога станав канцеларка, на пример, не сакав преговори за прием на Турција во ЕУ. Но мојот претходник веќе ги договори тие преговоти и согласно тоа беше само по себе разбирливо дека јас морам да ги преземам“.

Mark Rutte Premierminister Niederlande
Холандскиот премиер во оставка Марк РутеФотографија: AP

Канцеларката полага на континуитет. Што е договорено, треба да остане договорено. Во Европската комисија се воздржуваат од политички оценки. Но, на прашањето дали сега за се’ одново мора да се дискутира, портпаролот на ЕК Амадеу Алтафаж Тардио истакнува дека тоа би било премногу:

„Ние веќе цела една година дискутиравме за економските правила. Ако сега за се’ се расправа одново, финансиските пазари ќе се вознемират“.

Тоа треба да им биде познато како на Французинот Оланд, така и на Холанѓаните. Впрочем во прашање е нивниот извонреден кредитен рејтинг. Намалувањето на нивниот бонитет би предизвикало турбуленции ширум Европа. А, тоа за Меркел би било поболно отколку откажувањето на љубовта од страна на Саркози.