Европа – пожари
25 август 2007Реклама
Премиерот Костас Караманлис оцени дека станува збор за “национална трагедија“ и вети сеопфатна помош за загрозените региони, од кои најстрашно е погоден полустровот Пелопонез. Офицјална Атина побара и помош од ЕУ во гаснењето на огновите, на што Франција и Данска најавија дека уште денеска ќе испратат авиони за гасење.
Пожари има и во Италија во регионите Сицилија и Калабрија, како и во Португалија.