1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа на границите на толеранцијата

Сабрина Пабст/ Александра Трајковска1 април 2013

Претстојното законско регулирање на истополови бракови е голем чекор во правец на рамноправноста во Франција. Во ЕУ меѓутоа се забележува голема поделеност во однос на хомосексуалните партнерства.

https://p.dw.com/p/187h8
Фотографија: AFP/Getty Images

Слобода, рамноправност, братство - тоа се француските либерални принципи. Но, кога станува збор за хомосексуалните партнерства наспорти хетеросексуалните парови, Франција  мора да ги подобри законите за да ги оправда своите идеали. Животното партнерство, воведено во 1999 година е допуштено како за хетеросексуалните така и за хомосексуални двојки. Целосна рамноправност меѓутоа не постои: кога станува збор за наследство или присвојување деца условите за хомосексуалците се полоши. Дали државата ќе ги зајакне нивните права, за тоа наскоро треба да одлучува францускиот Сенат.

Конзервативната опозиција и католичката црква демонстрираат против предлог законот на социјалистите. Протестите покажуваат дека хомосексуалците наидуваат на отпор во делови на француското општество. „На народот му се потребни жртвени јарци, тој е збунет, налутен и фрустриран“, вели Евелин Парадис од ILGA-Europe (Меѓународна асоцијција на лезбејки, педери, бисексуалци, трансекуалци и интерсексиуалци) во Брисел. „Забележуваме дека во време на економска криза расте трендот за конзервативните вредности“, вели Парадис. Агресивните демонстрации во Франција покажуваат едно збунето општество. Традиционалните вредности и институции - како бракот или класичната семејна слика - во несигурни времиња добиваат на тежина. „Промените во Европа се случуваат многу брзо. Во последните десет години не само што го воведовме законот за антидискриминација, туку и натамошни права за присвојување деца или стапување во брак. Тоа е драстично помрднување, оти менталитетот на населението не е променет - или не со истата брзина“, вели портпаролката на ILGA.

Demonstrationen für Homo-Ehe in Frankreich
Демонстрации во ФранцијаФотографија: picture-alliance/dpa

Интеграцијата е табу?

Стапување во брак на лица со ист пол во многу земји на Европската унија е забрането. Само седум земји, меѓу кои Данска, Исланд и Шпанија допуштаат стапување во брак, делумно и црковно. Либералните земји членки воведоа рагистрација на браковите. Секоја од 27 земји членки самата одлучува, кои права и обврски важат за регистрираните истополови бракови. Од земја до земја во ЕУ има големи разлики при регулирањето на даночните прашања или наследството. Кај овие бракови станува збор пред се’ за материјално осигурување на животниот партнер. Сентименталниот и духовниот аспект не се земаат в предвид. 

Есктремно спротивна е ситуацијата во земјите каде католичката религија игра голема улога, како на пример во Италија или Полска. Двете држави повеќе години се членки на ЕУ, но по прашањето на рамноправност на хомосексуалните парови заоставнуваат. Живеењето во заедница се толерира, но меѓусебно преземање одговорност не се признава. 

Како може да настанат вакви големи разлики во ЕУ, кога државите се спогодија на заеднички вередности и принципи? Толеранцијата во Европа стигна до нејзините граници.  „Доколку Брисел форсира такво отворање, тогаш тоа можеби ќе стои во законите, но содржински општеството нема да го живее тоа“, вели Јенс Шпан, пратеник во Бундестагот од ЦДУ во разговор за ДВ. Тој се залага за повеќе права за хомосексуалците, но смета дека заедничко регулурање на ниво на европскиот сојуз на држави би било фатално. Ваков процес повеќе би предизвикал протести и незадоволство за Брисел, отколку што на него би се гледало со одобрување. Во јужните и источноевропските земји хомосексуалноста е општествено табу.

Jens Spahn CDU
Јенс Шпан (ЦДУ)Фотографија: imago stock&people

Земја на неограничени можности

Основен принцип на европскиот сојуз на држави е слободно бирање на местото на живеење на граѓаните на ЕУ. Организацијата на Евелин Парадис заедно со Комисијата на ЕУ ја критикуваат ограничената слобода на движењето на хомосексуалните парови во Европа.

Доколку една хомосексуална двојка од Холандија, каде тие ги имаат истите права и обврски како и хетереосексуалните парови, се пресели во Романија, тогаш таму нема да бидат признаени ниту како брачни партнери и нема да ја добијат истата сигурност. „Ова е очигледна дискриминација, насилство против правата на еден ЕУ граѓанин“, вели Парадис.

Според нејзината проценка прашање на време е кога сите земји на ЕУ ќе бидат подготвени, да се борат против дискриминација на хомосексуалците ширум Европа.