1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа да им ја врати довербата на младите

Коментар: Уте Шефер/Превод: Жана Ацеска28 мај 2013

Во Париз се одржа француско-германски самит посветен на проблемот на невработеноста кај младите во Европа. Заклучокот е јасен-на младите им треба работа. Што сега? Крајно време за практична политика, коментира Уте Шефер.

https://p.dw.com/p/18fRQ
Фотографија: Getty Images

Англичаните велат обично „Њу дил“, што би значело - наново мешање на картите. Но, овој поим во САД уште од 1930-те години е синоним за успешна економска и социјална реформа. Во тоа време американскиот претседател Франклин Рузвелт го спровел Њи дил како одговор на економската криза, со голем успех: извршените реформи ја смириле бедата и и‘ дале нова храброст на од несигурност погодената генерација. САД тогаш, и покрај економската криза, за разлика од Германија, останаа на патот на демократијата.

Изгубена генерација

Денес се случува нешто слично, зашто во ЕУ секој четврт под 25 години е без работа и место за образование. Во Грција и во Шпанија, дури секој втор. Финансиската и економската криза произведоа млада обесхрабрена генерација. Зашто, онаму каде се штеди, има помалку образование, помалку работа, помала потрошувачка, се затвораат работни места.

Овие млади и самите нешто придонесле, тие се добро образувани, а остануваат без перспектива - една загубена генерација која веќе нема доверба во социјалниот и политичкиот систем под покривот на Европа. Систем, кој всушност треба да ги заштити овие млади од изолираност и сиромаштија. „Европа“ за многу млади луѓе е разочарување, проиграна е нејзината веродостојност. Со тоа виси во простор прашањето: дали европскиот модел, кој е базиран на основните вредности праведност и слобода, воопшто може да се оствари во иднина. Добра причина за брза акција, а не само за формулирање на намерите.

Deutsche Welle Chefredakteurin Ute Schaeffer altes Format
Уте ШеферФотографија: DW/P. Henriksen

На испит е веродостојноста на Европа

На самитот за вработувањето во Париз сите беа единствени: на младината во Европа и‘ треба работа, и тоа што поскоро. „Њу дил за Европа“ треба да го донесе токму тоа. Но, сега е важно овој Њу дил да стигне до младите.

Најновите немири во досегашната примерна социјална држава Шведска покажуваат: онаму каде владеат изолираност и сиромаштија, каде не постои никаква перспектива, таму се заканува само насилство. Зашто, демократијата ја губи почвата, што покажува и излезноста на изборите во новите земји членки на ЕУ. Тогаш јакнат популистичките и радикалните идеи и нивните приврзеници, доволен е само еден поглед кон Унгарија.

Ако во Европа станува изгубена една цела генерација, во прашање се доведува и европската идеја, заснована врз основните вредности за правда и слобода. А таа поаѓа од идејата дека насекаде во Европа постојат споредбено исти и добри перспективи за живот и работа. Дека Европа нема да се распадне на различни зони на развој, како во моментов.

Дотолку наоѓање решение за ова прашање не е егзистенцијално важно само за засегнатите млади луѓе, туку и за Европа. Важно е враќање на веродостојноста и придобивање за европската идеја во иднина. Кратко-конечно нешто да се преземе!

Поени во изборна борба

Самитот во Париз (28.05) произведе најави за намери. Сепак, тие беа изговорени во еден глас и на високо политичко рамниште. Така, на самитот учествуваа германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и неговиот француски колега Пјер Московиси. Од досегашните 6 милијарди евра, кои ЕУ ги планира за вработување до 2020 година, треба да станат 60 милијарди евра. Франција и Германија настапија како тандем, што е реткост. Но, сега постои добра причина, зашто кон темата досега се приоѓаше само полека и со половина срце, иако во секоја од земјите одделно тоа е популарна тема. Француските социјалисти темата „труд“ радо ја присвојуваат, а во Греманија таа треба да донесе поени пред претстојните парламентарни зибори.