1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврокриза: тензиите растат

ЖА/дв/дпа/ртре1 август 2012

Германската влада категорично ги отфрли размислувањата за неограничено проширување на финансиската моќ на европскиот фонд за спас на еврото, ЕСМ. Идејата ја дискутирале Италија и Франција.

https://p.dw.com/p/15hTb
Фотографија: picture-alliance/ZB

Германската влада смета дека во договорот за постојаниот европски механизам за финансиска стабилност не е предвидена никаква банкарска лиценца, а не постои ни потреба од тоа, соопшти портпарол на министерот за финансии Волфганг Шојбле во Берлин. На министерството не му се познати разговори на оваа тема. Според досегашните одлуки, чадорот за спас на еврото треба да располага со 700 милијарди евра, од што на Германија отпаѓаат околу 27 проценти. На 12. септември германскиот уставен суд одлучува дали Германија може да се приклучи на Фондот за спас на еврото.

Неограничена моќ за ЕСМ?

Новата дебата ја разгоре извештај во „Зиддојче цајтунг“ според кој идејата која веќе долго циркулира, а Греманија категорично ја одбива, имено, чадорот за спас да добие банкарска лиценца, добива се‘ повеќе поддршка во еврозоната. Тоа на Фондот би му овозможило земање кредити без ограничување кај Европската централна банка. Неговата  моќ на ваков начин би била неограничена. Тој би можел во големи количества да купува државни обврници од членките на еврозоната како Шпанија и Италија, нив да ги внесува како гаранција во Европската централна банка и со нови пари да купува нови обврзници. На ваков начин би дошло до пад на каматите и запирање на шпекулациите против еврото или одделни држави од еврозоната, гласи аргументот на поддржувачите на идејата. Критичарите сметаат-ваквите трансакции водат до финансирање на државите преку Централната банка, кое е забрането во еврозоната.

Euro Europa Rettungsschirm Rettungsfonds
Чадорот за спас на еврото би добил неограничена моќ?Фотографија: picture alliance/dpa

„Момент на вистината“

Во меѓувреме францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Марио Монти индиректно се изјаснија за нови интервенции на пазарите за државни обврзници. По средбата во Париз во заедничкото соопштение тие ги критикуваа „превисоките камати“ кои мора да ги плаќаат моментно повеќе евро-држави. Оланд и Монти потенцираа-ќе направат се‘ „ за одбрна на еврозоната, нејзино опстојување и јакнење“. За таа цел мора да бидат реализирани заклучоците на последниот самит на ЕУ од крајот на јуни, што предвидува и можност државите кои во меѓувреме водат добра буџетска политика, да добијат поддршка од чадорите за спас на еврото-ЕФСФ и ЕСМ, на пример преку откупување државни обврзници.

Treffen Francois Hollande und Mario Monti in Paris Frankreich
Францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Марио МонтиФотографија: Reuters

Оланд и Монти посебно ја поздравија изјавата на шефот на Европската централна банка Марио Драги, според кого Банката со сите средства ќе го брани одржувањето на монетарната унија.

Сите очи сега се свртени кон Франкфурт-утре таму се состанува Советот на Европската централна банка, сигналот што ќе биде даден оттаму може според експертите да ја одлучи судбината на еврото, финансиските пазари го толкуваат како „момент на вистината“.