1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичкиот дијалог да продолжи

СН/АТ/миа15 октомври 2013

Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување во изјава за новинската агенција МИА порача дека за Европската комисија е важно да види дека случајот Шиповиќ се решава според европските правила и стандарди.

https://p.dw.com/p/19zk3
Фотографија: European Commission

Европската комисија (EK) во реакцијата на актуелните политички превирања во Македонија повика во земјата да продолжи политичкиот дијалог и пред сѐ имплементацијата на препораките за истраги на собраниските настани од декември 2012 година.

„Да потсетиме дека во последните месеци во Македонија се покажа што може да се постигне преку дијалог, компромис и политичка волја. Токму ова треба да стане правило и политичка норма во земјата. Важно е партиите и сите други да работат на имплементација на препораките од Комисијата за истраги и таа работа да продолжи, што ќе ја подобри функционалноста на парламентот и функционирање на демократските институции во земјата“, вели Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во изјава за МИА.

Според Стано, за Еврокомисијата не е правило и пракса да коментира постапка што е во тек, во однос на приведувањето на претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

„Затоа и не го споменав овој специфичен случај оти ние не коментираме постапки што се во тек. Соодветните институции во земјата, судството и компетентните власти треба да се справат со ова прашање. Она што е важно за нас е да видиме дека овие прашања се решаваат базирани на европските правила и стандарди“, порачува Стано.