1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврозоната останува во рецесија

24 февруари 2012

Европската комисија предупреди од продлабочување на рецесија во еврозоната, особено во Грција и во другите високозадолжени земји. Се бара задржување на курсот на штедење.

https://p.dw.com/p/149Ps
Оли РенФотографија: Reuters

И покрај тоа што мерките за штедење го запреа растот во еврозоната, еврокомесарот за економија ги смета за неопходни.

Оли Рен предупредува дека рецесијата може драматично да се засили доколку задолжените земји не почнат да ги решаваат проблемите.

Според најновата прогноза на Европската комисија, еврозоната годинава ќе забележи рецесија од 0,3 проценти. Изненадувачки многу ќе стагнира Италија, цели 1,3 проценти. Во ноември лани, Комисијата прогнозираше мал раст за оваа земја. Грција ќе доживее натамошен пад- прогнозата вели: минус 4,4 проценти.

„Мора да сфатиме дека тука се работи за криза на довербата. За да ја вратиме довербата мораме да ги намалиме долговите“, вели Оли Рен.

Прогнозите за Германија се добри, земјата се очекува да забележи раст од 0,6 проценти. Притоа, и германските стопанствениците се оптимисти. Последната анкета за расположението на германските стопанственици покажува раст на оптимизмот: и покрај кризата тие во следните месеци очекуваат отворање нови работни места и подобра клима.

Автор: Данијел Вишевиќ/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска