1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврогрупата и‘ постави ултиматум на Грција

АТ/ афп/ дапд/ миа 9 октомври 2012

Еврогрупата и‘ даде рок на Грција до 18. октомври да покаже подготвеност за примена на ветените реформи. Во поинаков случај се заканува натамошна блокада на помошта и банкрот на земјата.

https://p.dw.com/p/16Md8
Фотографија: picture-alliance/dpa

Еврогрупата и‘ даде на Грција рок од десет дена да ги спроведе договорените мерки. До 18. октомври „Грција би морала јасно и веродостојно да демонстрира силна волја за целосно спроведување на програмата“, изјави шефот на Еврогрупата Жан Клод Јункер по средбата на министрите за финансии на Еврогрупата во Луксембург.

Исплаќањето на последната транша беше блокирано во јуни од кредиторите, во очекување на прифаќање на новите мерки за буџетско штедење.

Меѓународните доверители, Меѓународниот монетарен фонд, Комисијата на ЕУ и Европската централна банка во моментов ги проверуваат реформските чекори на Грција. Од извештајот на „тројката“ зависи дали зејмата ќе ја добие следната транша помош во висина од 31 милијарди евра. Во поинаков случај на Грција повторно и‘ се заканува банкрот. Грчкиот премиер Андонис Самарас неодамна призна дека неговата земја нема да издржи до крајот на ноември без новата финансиска помош.