1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕВН очекува поддршка од австриската влада

Горан Петрески12 јануари 2009

Меѓународен спор или локална политичка пресметка за домашна употреба: конфликтот меѓу македонската влада и австриската компанија ЕВН се продлабочува.

https://p.dw.com/p/GWLy
ЕСМ дистрибуција беше продаден на ЕВН во 2006 годинаФотографија: DW

Странскиот инвеститор во знак на поддршка на нивното работење, очекува реакција на Виена во претстојната нова работна недела. Владата во Скопје пак се заканува дека нема да толерира работење на штета на македонските граѓани и фирми, само затоа што ЕВН е странски инвеститор. Во овој спор што ја доведува во прашање енергетската стабилност на државата се вмешаа и политичките партии. Опозициската СДСМ ја обвинува власта за лошиот третман на странските инвеститори.

Владата тврди: ЕВН ја злоупотребува монополската позиција

Според оценката на Владата, ЕВН е лош странски инвеститор што ја злоупотребува монополската позиција на штета на граѓаните и фирмите. Меѓусебните односи се нарушени одамна, но минатата недела премиерот Никола Груевски најави отворен судир со австриската компанија.

Gruevski Statement.jpg
Премиерот Груевски најавува дека нема да има отстапкиФотографија: DW/MIA

ЕВН ги отфрлува обвинувањата

ЕВН работи согласно македонските закони и ја почитува обврската за инвестиции, велат во дистрибутивната компанија.

Директорот на ЕВН Македонија Георг Валднер во една пригода кажа дека ЕВН“ стопроцентно ја исполни обврската за инвестирање која ја имаше според договорот за приватизација,

„Инвестиравме 700 километри во нови кабли, 4 пати повеќе од растојанието од Скопје до Охрид. Изградивме 300 нови трафостаници и многу други работи кои го подобруваат квалитетот на системот за електрична енергија во Македонија“, изјави Валднер.

Во компанијата велат дека очекуваат поддршка од официјална Виена во спорот со македонската влада, бидејќи мнозискиот капитал на фирмата и припаѓа на австриската држава.

ЕВН го купи ЕСМ дистрибуција од владата на СДСМ во март 2006.