1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ и ПДП против одлуката на Уставниот суд

28 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BxKs

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, на кое учествуваа 14 од 16те градоначалници од нивните редови реши дека одлуката на Уставниот суд за укинување на одделни членови од Законот за употреба на знамињата на етничките заедници е политичка, антидемократска и античовечка. Одлуката е оцената и како против Охридскиот договор и сите Албанци во Македонија и поради ова градоначалниците на ДУИ нема да ја почитуваат.

Партијата за демократски просперитет преку соопштение побара неотповиклива оставка на сите членови на Уставниот суд на Македонија во врска со одлуката за укинување на некои членови од Законот за употреба на знамињата. Во партиското соопштение се наведува дека оваа одлука е неспроведлива и е спротивна на волјата на граѓаните Албанци.