1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ и ПДП организираат протестен митинг во Скопје

Свето Тоевски25 август 2006

Освен денешниот митинг пред парламентот ДУИ и ПДП немаат договор како ќе протестираат понатаму поради нивното невклучување во владата на Никола Груевски. Вчера раководствата на двете партии во Мала Речица не зазедоа став ниту околу враќањето на пратеничките мандати ниту за бојкот на парламентот.

https://p.dw.com/p/Adce
Тетово
ТетовоФотографија: AP

ДУИ и ПДП денеска пред парламентото ќе организираат протестен митинг од 11 до 12 часот. Нивните пратеници ќе бидат надвор заедно со граѓаните гласачи соопшти вчеравечер потпретседателката на интегративците Теута Арифи. Изјавата е дадена по тричасовната седница на лидерите Али Ахмети и Абдуради Вејсели со раководствата и пратениците на овие две политички партии „Пратениците на овие две политички партии нема да учествуваат на седницата. Не сакаат да учествуваат и да даваат легитимитет на влада која ќе се формира без да се респектира волјата на мнозинството Албанци во Репубилика Македонија.“

Дојче Веле праша дали пратениците од ДУИ и ПДП ќе ги бојкотираат и сите наредни седници на парламентот. Генералниот сектретар на ДУИ Гзим Остреми со кус одговор. Засега нема одлука за бојкот на законодавниот дом „Тоа ќе видиме, дополнително ќе се одлучува. “

Али Ахмети не е подготвен да го прифати барањето на Вејсели заенички да ги вратат сите 17 пратенички мандати Теута Арифи рече дека само народот има право да располага со тие мандати „Мандатите се во рацете на народот, на гласачите и тие ќе одлучуваат за тоа.“

Токму и по ова прашање лидерот на ДУИ Али Ахмети со вчерашното интервју за албанската програма на државната телевизија покажа дека се враќа во водите на политчкта а прагматичност. Тој вели, ќе видиме која ќе биде добивката за Албанците ако бидат вратени пратеничките мандати, и која ако ДУИ остане во парламентот како законодавна институција, бидејќи во паламентот допрва треба да бидат донесени и законите за албанскиот јазик и за правата на семејствата на загинатите припадници на ОНА, потоа Ахмети заклучува „Ќе дејствуваме во онаа насока каде што Албанците ќе бидат добитници а не губитници.“ ДУИ изгледа се откажува и од првичните навестувања дека општините и градоначалниците од нејзините редови може да бидат ставени во функција на протестите. Сега со нагласување цитат не сакам да предизвикувам проблеми и се упатува порака до централната власт и таа да не предизвикува блокади и саботажи во оптшитните во кои живеат Албанци вели Ахмети.

Колку и да се обуидуваат Ахмети и Вејсели да демонстрираат стабилност на нивната коалиција сепак во редовите на ПДП има разидувања со лидерот Вејсели. Барања да се влезе во новата влада и да се раскине таа колаиција. Ова вчера експлиитно ни го изјави член на централното претседателство на ПДП кој инстититираше на анонимност. Портпаролот на ПДП, Сафет Незири увберува дека ваквите тврдења се невистинити.