1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дуел Чејни-Едвардс

6 октомври 2004

Вo минатата недела првпат во ТВ-дуел директно се соочија американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот предизвикувач Џон Кери. Вчера на ред беа двајцата кандидати за функцијата потпретседател. Очекувано – разменија жестоки удари, но и со неочекувано помирливи гестови.

https://p.dw.com/p/AcKl
Чејни и Едвардс за време на дуелот
Чејни и Едвардс за време на дуелотФотографија: AP

Сегашниот потпретседател Дик Чејни и неговиот предизвикувач Џон Едвардс се обидоа во 90-минутниот телевизиски дуел да ги соопштат нивните политички позиции. Пред се, меѓутоа, нивната цел беше да ги рекламираат своите број еден: претседателот Буш, односно неговиот противкандидат Кери. Притоа, без никаква задршка Чејни ја бранеше војната во Ирак:

“Она што го направивме во Ирак беше токму вистинското решение и јас повторно би го предложил истото“.

Едвардс напротив тврдеше дека во Ирак не беше најдено оружје за масовно уништување и оти нема никаква поврзаност со терористите од 11 септември 2001. Меѓутоа, и внатрешнополитичкиот биланс е катастрофален:

“Милиони луѓе ги загубија работните места, милиони станаа сиромашни. Приходите паѓаат, трошоците, на пример за здравството растат, имаме хаос во Ирак, господине потпретседател, државата не може да поднесе уште четири вакви години“.

Чејни од своја страна се обиде да го дискредитира кандидат Кери префрлувајќи му контроверзен однос во Сенатот. Едвардс го бранеше кандидатот на својата партија и изјави дека Кери е подобар за функцијата од Буш:

“Американскиот народ во претседателската дебата во минатиот четврток виде еден силен и решителен Џон Кери. Тој е подготвен да биде врховен командант“.

Чејни не сакаше да остане должен:

“Ако сакаме да ја добиеме битката против тероризмот јасно е дека изборот е Џорџ Буш, а не Џон Кери“.

Всушност, немаше новости: Чејни го бранеше намалувањето на даноците на Буш, Едвардс ја ги критикуваше поволностите за фирмите и милионерите. Тој го спомна примерот Халибартон – фирма што ја водеше Чејни пред да мине во политиката. Овој пак, му префрли на Едвардс дека во 4 години во Сенатот не оставил никаква трага.

Вистински помирувачки обраќањето беше само еднаш: кога стана збор за хомосексулани бракови. Едвардс со лични, пријателски зборови за Дик чејни и неговата лезбејска ќерка. А Чејни:

"Ви благодарам за зборовите за моето семејство и мојата ќерка. Тоа многу го ценам“.