Државниот врв ја разгледува нацрт рамката на Нимиц
2 ноември 2007Реклама
Македонскиот државен врв го разгледува првичниот нацрт текст наречен Рамка за разбирање што го предложи медијаторот во спорот со името Метју Нимиц на вчерашната рунда преговори во Њујорк, информираше денеска македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски. Тој изјави дека „насоките и начелата во текстот може да се оценат како позитивни, додека за дел од нив може да се достават аргументирани забелешки“. Министерот не прецизираше детали, посочувајќи дека се очекува официјалната верзија на документот која треба да ја донесе преговарачката делегација. Нацрт-рамката на Нимиц треба да биде основа за наоѓање решение на проблемот. Нимиц за две до три недели треба да допатува во регионот.