1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драги „оди по жица“

ЖА/дв/дпа6 септември 2012

Дали ќе стане спасител на еврото или ќе го погребе? Шефот на Европската централна банка Марио Драги со одлуката да купува државни обврзници од земјите должнички предизвика турбуленции.

https://p.dw.com/p/164D1
Фотографија: Reuters

Европската централна банка денеска (06.09) во Брисел ја донесува веројатно одлуката со најсудбоносно значење во својата историја. Советот на ЕЦБ денеска во Франкфурт најверојатно ќе ја објави одлуката за купување државни обврзници од земјите погодени од европската должничка криза. Со тоа треба да им се помогне преку намалување на каматите, а истовремено да се врати довербата во монетарната унија.

Марио Драги минатите месеци веќе ја најави акцијата за купување државни обврзници, за што од една страна доби поддршка, а од друга - критики.

Шпанија, на пример, поради евро-должничката криза се надева на брза помош преку откуп на нејзини државни обврзници од страна на Европската централна банка. Во моментов е важно земјата повторно да може да биде финансирана со разумни камати, изјави шпанскиот премиер Мариано Рахој за „Франкфуртeр алгемајне цајтунг“. Тој денеска има средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Мадрид. Рахој ќе се обиде да го промени ставот на Германија, која досега одбива ЕЦБ да откупува државни обврзници. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле смета дека е загрозена независноста на ЕЦБ, чија задача не е финансирање на државните долгови, туку грижа за стабилноста на цените. Шпанија и Италија моментно мораат да плаќаат високи камати за да дојдат до свеж капитал.