ДПА се враќа во парламентот
26 март 2011„На седницата на Централното претседателство ќе дискутираме и ќе донесеме одлука да се вратиме. Парламентот не само што не беше функционален, туку беше и нелегитимен. Ќе се вратиме да го прекинеме циркусот што се случуваше овие два-три месеци и да докажеме дека сме спремни да одиме на избори, изјави Тачи. Тој додаде дека ДПА останува на барањето меѓународната заедница засилено да ги набљудува изборите, и тоа не само на денот од нивното одржување туку и целиот изборен процес, но демантираше дека прекинот на бојкотот е резултат на притисок од дипломатите.
„Не, не се работи за притисок, туку за сето време имавме добивано сугестии и совети од меѓународниот фактор за се вратиме во Собранието“, вели Тачи.
„По донесување на одлуката, очекувам бргу да се појавиме во законодавниот дом, оти течат процедурите и роковите за изборите. Ние сме подготвени за нив, со цел и да падне оваа Влада, инаку не би имало смисла да се одржуваат такви избори“, изјави Тачи.
Автор: Свето Тоевски/миа
Редактор: Борис Георгиевски