ДПА и ДУИ не сакаат да седат заедно во владата
18 јуни 2008Дилемата пред која е исправен Никола Груевски гласи – како партиите на Албанците да се придобијат да и‘ се приклучат на власта? И ДУИ и ДПА исклучуваат можност да бидат дел од влада во која ќе има министри од двете партии. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека не сака да седи со криминалните банди од ДУИ, додека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од победничка позиција рече дека не верува оти идниот премиер нема по вторпат да ја почитува волјата на мнозинството избирачи Албанци.
За албанските фактор, приоритети на Македонија се членство во ЕУ и НАТО, и по цена на порадикален компромис со Грција околу името. Тачи направи јавна алузија дека ДУИ добила „милиони евра од една соседна земја за време на кампањата за да се направат нерегуларни избори и со тоа да се добијат нови аргументи дека Македонија не ги исполнува евро-атлантските критериуми, што значи регуларни избори и демократски капацитети на институциите“.
Експертите тврдат дека Груевски е пред тешки одлуки и дека на крајот може да се покаже дека победата е пирова.