До каде се исполнети обврските
11 јануари 2008Реклама
Како и колку се исполнети политичките критериуми од страна на кабинетот на Груевски?
„Нашите партнери и НАТО го поздравија прогресот што го направи Македонија во последните неколку седмици,“,изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски по синоќешната средба на македонскиот НАТО комитет.
Опозициските претставници од ДУИ и од СДСМ му забележаа на Груевски за доцнењето и малото учество во дебатата.
Игор Ивановски од СДСМ истакна дека сеуште се очекува предлог во врска со употребата на Законот за јазиците.