1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче банк со големи загуби

ЖА/дв/дпа/ ртре 20 јануари 2014

Дојче банк во четвртиот квартал од 2013. година бележи загуби од 1,2 милијарди евра, како што соопшти претставник на банката. Под притисок се наоѓаат и акците на банката.

https://p.dw.com/p/1Atf1
Фотографија: Reuters

За целата 2013 година останува остаток од 1,1 милијарда евра, половина од она што аналитичарите очекуваа од најголемата банка во Германија. Двоецот на чело на Дојче банк, Аншу Џеин и Јирген Фичен истовремено ги подготвуваат акционерите за уште полоши вести во оваа година.

„Очекуваме 2014. година да донесе нови предизвици и нивно дисциплонирано совладување. Но, уверени сме дека во 2015. година ќе ги постигнеме поставените цели“, соопштија двајцата први менаџери на Дојче банк.

Deutsche Bank PK Verlust Jain und Fitschen Archiv 2013
Аншу Џеин и Јирген ФиченФотографија: picture alliance/AP Photo

2013. година е втора по ред во која банката вложува во идниот растеж, како и во идното јакнење на контролата, но и се справуваше со старите оптоварувања.

Разочарувачкиот годишен биланс, соопштен денеска, на пазарот на акции не беше примен најдобро. Акциите на Дојче банк на Дакс забележаа минус од четири проценти.

Една од причините за големите загуби на Дојче банка лежи во последиците на финансиската криза: за правни спорови банката само лани плати 2,5 милијарди евра, откако постигна неколку скапи порамнувања. Само во декември Дојче банка мораше да плати 1,4 милијарди евра на американската државна служба ФХФА поради спорните хипотекарни бизниси во САД. Освен тоа, Европската комисија изрече казна од 725 милиони евра за Дојче банк, поради недозволено постигнување договор за висината на каматите во прометот меѓу банките, Либор.