1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче Банк казнета со 725 милиони евра

АТ/ дпа/афп/ ЗЦ4 декември 2013

Властите во Европа, САД и Азија сомничат големи банки дека манипулирале курсеви на валутите. Доколку сомнежот се потврди, скандалот би можел да заземе поголеми размери од случајот Либор, за кој ЕУ денеска изрече казни.

https://p.dw.com/p/1ASmp
Фотографија: MEHR

На светските девизни пазари секојдневно се тргуваат околу 5,3 билиони долари. Трговијата со девизите е најголемиот трговски пазар во светот. Трговијата преку монетарните граници е потребна за пазарот, исто како и претпријатијата и приватните лица, да може да учествуваат во меѓународните зделки. Овој пазар, постоело можност да бил манипулиран, според информациите на весникот „Зидојче цајтунг“.

Финансиските власти во Европа, САД и Азија испитуваат две обвинувања: Дали банките воделе бизниси со странски валути, за да влијаат врз курсот во точно дадено време и се обложувале на курсот за да постигнат добивка? Второ, дали некои трговци се договарале меѓусебно?

Истрага и против Дојче банк

Индиции за ваквите сомнежи имало уште во октомври, кога швајцарскиот финансиски надзор соопшти дека ќе води истрага против повеќе швајцарски институти. Меѓутоа тогаш сѐ уште не беше јасно во колкава димензија се одвива тоа.

Најголемиот пазарен удел во бизнисот со девизи, според „Зидојче цајтунг“ го има Дојче банк. Шефот на германскиот банкарски надзор „Бафин“, Рајмунд Реслер за весникот изјави: „Досега немавме појдовни сознанија, дека трговци на една германска банка биле инволвирани во манипулации“. Истрагата меѓутоа не е завршена. Дојче банк, според „Зидојче цасјтунг“ започнала интерна истрага.

Весникот наведува дека со истрагата се опфатени тринаесет банки, меѓу нив Дојче банк, Сити груп и УБС.

ЕУ изрече казни за Либор скандалот

Клучна улога во истрагата очигледно имаат протоколите од интерните банкарски четови на соработниците и текстуалните пораки на мобилните телефони. На тој начин властите влегоа во трага на манипулациите на Либор и Еурибор, околу каматните стапки што банките ги пресметуваат во меѓусебниот промет. Во скандалот со манипулациите на овие каматни стапки Европската унија денеска изрече рекордна казна за осум големи меѓународни банки. Институтите мораат да платат вкупно 1,71 милијарди евра за учество во нелегални картели на пазарите за финансиски производи, кои биле врзани за каматните стапки, соопшти Комисијата на Европската унија денеска во Брисел. Само Дојче банк ќе треба да плати казна од 725 милиони евра.