1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доселениците се жалат на дискриминација

АТ/ дпа/ епд1 август 2012

Мигрантите во Германија надпросечно често се соочуваат со искуство да бидат неправедно третирарни - ова е резултатот од актуелното истражување. „Предупредувачки сигнал“, смета Канцеларијата за антидискриминација.

https://p.dw.com/p/15hgk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Луѓето со странско потекло во Германија се чувствуваат речиси двојно почесто онеправдани, отколку луѓето без миграциско потекло. Ова произлегува од новата студија, која ја претстави Канцеларијата за борба против дискриминацијата на сојузот и Советот на експерти за миграција во Берлин. Најмногу негативни искуства за неправеден однос, според студијата, биле регистрирани кај службите и државните институции, како и на пазарот на трудот. Разлика меѓу источна и западна Германија не е утврдена.

Една петтина од мигрантите информираат за дискриминација на работниот пазар, при што надпросечно често дискриминирани се чувствуваат 31 процент од луѓето со турско потекло, 33 проценти од доселениците од Африка, Азија и Латинска Америка и од нив особено муслиманите - 38 насто. Слични високи вредности, според студијата, се утврдени во образовниот сектор, каде 29 проценти од учениците и студенитите со турско потекло, како и 36 проценти од муслиманите од Африка и Азија, се чувствувале запоставени.

Исто така и начинот на општење во институциите, како Агенцијата за вработување или службите за странци, од многумина доселеници е карактеризиран како дискриминарчки. Од студијата меѓутоа не произлегува, дали жалбите се засноваат врз фактички неправеден третман или само на зголемена сензибилност на испитаниците.

Вкупно 42 проценти од испитаниците со мигрантско потекло информираат за случаи кога се чувствувале неправедно третирани, а само 24 проценти од испитаниците без мигрантско потекло го навеле истото.

Обуки и анонимни постапки за пријавување

Раководителката на Канцеларијата за антидискриминација Кристине Лидерс оценува дека ова е „предупредувачки сигнал“. Таа на властите им препорача натамошно да ги обучуваат нивните соработнции за односот со етничката разноликост и да внимаваат на повеќестраниот јазичен состав на персоналот. Против дискриминацијата на работниот пазар таа препорачува воведување на анонимни постапки за пријавувања, кои не дозволуваат да се изведат заклучоци за етничкото потекло на кандидатите.

Deutschland Christine Lüders Leiterin der Antidiskriminierungsstelle des Bundes
Кристине ЛидерсФотографија: picture-alliance/dpa

Претседателката на Советот на експерти за миграција Кристине Лангенфелд нагласи „Намалувањето на дискриминацијата е одлучувачка за стабилност во општеството“.

Студијата беше спроведена меѓу 9.200 испитаници од различни германски образовни центри. Три четвртини од нив беа од доселенички семејства.