“Дон Кихот“ слави 400 години
18 јануари 2005Поради должината овој шпански еп е славен, но малку читан. Дали тоа ќе се промени по повод одбележувањето на 400 годишнината? Или и во иднина најчесто ќе се спомнува само лозунгот “Борба против ветерници“?
“Во едно село на Ла Манча на чие име не можам да се сетам, живееше еден благородник кој имаше копје и стар штит, еден исушен стар коњ и едно ловџиско куче“.
Вака Мигел де Сервантес го започанува својот Дон Кихот, книга што како малку која друга беше крунисана со успех и преведна на безброј јазици и до денес ја краси светска слава.
“Приказната на еден човек кој беше ’откачен’ зашто беше прочитал премногу книги за витези и го повлече и својот потчинет Санчо Панса за да доживеат многу авантури“.
Ова го кажува еден ученик како од пушка, иако никогаш не го прочитал ова дело. Така и мнозинството Шпанци:
“Многу сум слушала за Дон Кихот, но никогаш не сум го читала. Годинава ќе го направам тоа. Тоа е задолжително“.
Книги, изложби и конгреси – никнат како перчурки во Шпанија и во светот, во годината на јубилејот на Дон Кихот.
Дон Кихот, јава и се расправа за честа и доблеста на Дулчинеа, дамата на неговото срце. Но, таа постои само во неговата фантазија, а честа и доблеста за современиците на Дон Кихот се туѓи зборови, па така витезот постојано страда.
Мигел де Сервантес сакаше да напише сатира, а му успеа да ја соопшти духовната слика на една цела епоха, стара веќе 400 години, и тешка, како што вели една читателка, тешка за читање:
“Не може да се совлада од прва. Почнуваш, се откажуваш, па повторно. Сепак ја прочитав“.
Тешко зашто јазикот и постапката во кингата се движат по сложени патишта. Но, токму во тоа е шармот и книжевната вредност на “Дон Кихот“, смета писателот Маро Варгас Љоса за кого делото и по 400 години не е застарено:
“Постапката, силата на карактерите, анегдотите и епизодите, богатството на јазикот, тој сочен, жив шпански, суптилната техника, комплексната градба и модерноста“.
Значи дело, богато и шаренолико како и животот на авторот. Сервантес во една поморска битка против Турците бил ранет, пет години бил во алжирски затвор, а давапти поради долгови зад решетки и во Шпанија. Но, додека крајот на животот му беше крунисан со книжевна слава, Дон Кихот останува трагичен јунак. Никаво чудо: тој се бори дури и против ветерници.
Еден одушевен читател вели:
“Малку од тоа лудило би ни било добродојдено на сите. Толку сме стиснати и систематизирани, а би требало да погледаме што всушност е животот“.
Така и натаму јаваат – Дон Кихот и Санчо Панса.