Донаторска конференција за Мијанмар
19 мај 2008Воената влада на Мијанмар има намера да организира донаторска конференција за подобро да се координира странската помош. Тајландскиот министер за надворешни работи Нопадон Падама изјави во Сингапур, дека неговиот колега од Мијанамар Нијасн Вин, овој предлог ќе го соопшти на денешната средба на групацијата држави АСЕАН. Конференцијата за помош на Мијанмар треба да се одржи во Јангун на 22 или 23 мај.
Во меѓувреме, координаторот на Обединетите нации за хуманитарна помош Џон Холмс, како што изјави портпаролката на светската организација Аманда Пит, пристигнал во Мијанмар „Генералниот секретар го замоли Холмс да замине за Мијанмар на разговори за тоа како можат Обедиентите нации да помогнат. Како што е познато, ситуацијата е критична, а помошта не стигнува доволно бргу до луѓето во неволја“, изјави Аманда Пит.