1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Должничката криза ја кочи германската економија

ЖА/дв/дпа/дапд/афп/ртре15 јануари 2013

Можеше да биде и полошо: 0,7 проценти раст и дури и мал вишок во државната каса - во минатата година Германија не забележа значајни економски резултати.

https://p.dw.com/p/17KB8
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германското стопанство лани забележало раст од 0,7 проценти, соопшти денеска (15.01) Сојузната служба за статистика во Визбаден врз основа на нецелосните податоци. Тоа е значително помалку во однос на 3-те проценти раст на брутодомашниот производ на земјата во годината претходно. Но, сепак, Германија и со овој показател се наоѓа во подобра позиција од многу европски партнери кои западнаа во рецесија.

На влијанието на должничката криза не можеше да му се спротивстави целосно ниту извозно ориентираното германско стопанство. По силниот почеток во првата половина на годината, развојот на најголемата европска економија се намалуваше од квартал во квартал.

За 2013 година економистите сметаат на уште една кочница, зашто несигурна е ситуацијата и на најважниот, американскиот пазар. Најголем број од економските експерти за германското стопанство очекуваат дури и помал развој отколку минатата година. Прогнозите се движат меѓу 0,3 до 1 процент.

Минатата година германската економија профитираше јасно од робустната конјуктура, во буџетите на државата и покраините дури имаше и вишок собрани пари над издатоците. Со тоа германската држава забележа вишок од 0,1 процент, а дефицитот од 0,8 насто е далеку од дозволените 3 проценти според правилата за ЕУ од Мастрихт.

Потрошувачките цени во Германија лани пораснале за 2 проценти, а стапката на инфлација е под онаа од 2011 година, кога изнесуваше 2,3 проценти.