Докузовски повеќе не е селектор на кошаркарите
8 јануари 2012Реклама
На средбата меѓу претседателот на МКФ Даниел Димевски и сега веќе поранешниот селектор на репрезентацијата Марин Докузовски, договорено е тој во иднина да ја има улогата на советник на новиот предводник на кошаркарите, кој ќе биде познат најдоцна до крајот на овој месец. Ваквото решение доаѓа по одлуката Докузовски својата професонална кариера да ја продолжи како тренер на бугарскиот клуб Лукоил Академик од Софија. Македонската кошаркарска репрезентација, која на последното ЕП во Литванија го освои 4-тото место, од 2 до 8 јули во Венецуела, ќе игра на квалификацискиот турнир преку кој ќе се обиде да обезбеди пласман на ОИ во Лондон.
Автор: СН/ЕМФ/миа
Редактор: Е.М. Фиданоска