Доделени наградите Ехо
26 март 2007Реклама
Во Берлин вчера беа доделени наградите Ехо за најдобрите во музичката индустрија. За хит на годината е прогласена песната „Дас бесте“ на групата Силбермонд, која доби награда и за најдобар настап во живо. 16 годишнаа пејачка Лафее е прогласена за најдобра германска пејачка и најдобар дебитант, додека Роже Цицеро, германскиот претставник на Евровизија, доби награда Ехо за најдобар рок-поп изведувач. Најдобриот видео-спот го имаат момчињата на групата Токио хотел за песната “Последниот ден”.