1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доделена алтернативната Нобелова награда

13 октомври 2009

Четворица хуманитарни и еколошки работници од различни делови на светот се добитници на годинешните алтернативна Нобелова награда. Оваа, не е поврзана со Нобеловите награди, награда веќе се смета за традиционална.

https://p.dw.com/p/K5Ao
Алрнативна Нобелова награда за Нгонго за заложбата за заштитата на прашумите во КонгоФотографија: picture-alliance/dpa

Четворица активисти кои воделе кампања против нуклеарното оружје, се залагале за заштита на прашумите во Конго и за подигнување на свеста за климатските промени ја добија годинешната „алтернативна“ Нобелова награда. Ејлин Вер од Нов Зеланд, Рене Нгонго од Конго, Канаѓанецот Дејвид Сузуки и Австралијката Кетрин Хамлин наградата ќе ја добијат на церемонија во Стокхолм, на 4 декември, 6 дена пред врачувањето на официјалните Нобелови награди за годинава.

Алтернативната награда не е директно поврзана со Нобеловата награда, но и таа полека прераснува во традиција, бидејќи се доделува од 1980 година, на иницијатива на шведскиот филантроп Јакоб Фон Укскул, кој на овој начин сакал да ги награди „сите оние кои неправедно биле заобиколени од Нобеловиот комитет“.

Паричната награда во износ од 150 илјади евра ќе ја поделат тројца од добитниците, додека четвртиот, Дејвид Сузуки ќе добие само признание. Вкупно 82 кандидати од 46 земји годинава беа номинирани за наградата.

Вер беше избран поради неговата улога во промоција на мирот во Нов Зеланд, Нгонго уште од 1984 година се бори против деструкцијата на прашумите во Конго, Сузуки е награден за неговата промоција на социјално одговорно искористување на науката, додека воената докторка Хамлин ја доби наградата како резултат на нејзината помош во лекувањето на илјадници сиромашни африкански жени.

Автор: БГ/ЖА/дпа

Редактор: Александра Трајковска