Договор за устав во Црна Гора
10 октомври 2007Реклама
16 месеци по осамостојувањето, власта и дел од опозицијата на Црна Гора постигнаа договор за устав. Според договорот преамбулата на уставот ќе го одрдеува граѓанскиот карактер на државата. Официјален јазик останува црногорскиот, со можност за користење на српскиот, албанскиот, хрватскиот и босанскиот јазик. Договорот предвидува и вонредни парламентарни избори кои би се одржале до крајот на 2009 година.