1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорот за енергијата со акцент врз различните патишта

17 јули 2006

На годишните економски самити на најразвиените индустриски земји, традиционално земјата домаќин го определува дневниот ред. Тони Блер на пример, во минатата година на самитот на шкотскиот Глен Иглс на агендата на високо место ги стави темите Африка и задолжувањата. Русија, за првпат домаќин на самитот на Г-8, годинава највисок приоритет му даде на снабдувањто со енергија. Дури медиумите од тоа исконструир

https://p.dw.com/p/AeLM
На Меркел и се врзани рацете во изградбата на атсомски централи
На Меркел и се врзани рацете во изградбата на атсомски централиФотографија: dpa

�а „енергетски спор„. Дали вистина беше така?

На прв поглед работата е јасна. Најдоцна во јануари годинава кога Русија привремено и ја затвори гас-славината на Украина, светот се загрижи за тоа колку е сигурна Русија како лиферант на енергија. А, Русите пак се налутија што иако лиферуваат нафта и гас за целиот свет, се наоѓаат далеку од конечните корисници. Русија располага со преку 6 проценти од светските резерви на нафта и 34 проценти од светските резреви на гас, како и со 18 проценти од резервите на камен јаглен. Откако претседателот Владимир Путин повторно го подржави енергетскиот сектор, на запад се загижени дека рускиот претседател би можел енергијата да ја користи како полиитчко оружје.

Сепак, германската канцеларка Ангела Меркел можеше да ги смири своите. Таа укажа дека Русија преку 40 години, значи и во времето на студената војна, постојано беше сигурен лиферант на енергија. Една третина од вкупните потреби на Германија за нафта и гас Германија ги покрива со испораките од Русија. Со тоа Русија е најголемиот испорачувач на енергија за Германија.

И префрлувањето на Путин дека на руските енергетски концерни им е спречен пристапот кон конечните корисници на Запад, полека, но сигурно се распрсна. Во фирмата Вингас од Касел, рускиот концерн Газпром учествува со 49 проценти. Непосредно пред самитот на Г-8 германскиот Е.ОН концерн обезбеди учество во подрачјето на гасот во Јужно-рускоје на Сибир, а за возврат Газпорм доби можност да учествува во германските посреднички фирми во Унгарија. Според тоа, економијата го регулира скоро самата она што политичарите го гледаат како проблем.

Меѓутоа, пред самитот, канцеларката Меркел имаше друг проблем. Во „Акциониот план за глобално осигурување на енергијата„ учесниците на самитот заклучија во иднина многу повеќе да се користи атомската енергија. Меркел не можеше да го потпише тој план зашто, иако ја претпочита атомската енергија, таа е задолжена на почитување на коалициониот договор за напуштање на атомската енергија:

„Мојот личен став за атомската енергија е познат, но јас сум шефица на големата коалиција, иако, се разбира, го посматрам развојот и точно гледам дека многу земји во фокусот ја ставаат токму атомската енергија„.

Сепак, германската воздржаност беше прифатена. Во завршниот докумет на 12 страници на тема „глобална енергетска безбедност„ шефовите на држави или влади јасно укажуваат дека членките на Г-8 можат да следат различни патишта за да постигнат енергетска безбедност.

Државниот секретар во германското министерство за стопанство Бернд Пфафенбах е многу задоволен од документот на Г-8:

„Пред се мораме едно да направиме: мораме да ја намалиме зависноста од нафта за што се предложени различни начини. Едните акцентот го ставаат врз атомската енергија, другите кон поголема ефикасност на енергијата или штедењето и развојот на алтернативни енергетски извори. Последниот е оној што го претпочита германската влада. Но, на сите им е заедничко тоа што повеќе ќе инвестираат во нафтата, рафинериските капацитети и така натаму, за да се обезбеди поголема диверсификација„.