1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договори на партиските лидери,најважните одлуки за во иднина

25 декември 2007

Лидерите на четирите најголеми парламентарни партии во Македонија ги одбегнаа најделикатните прашања,Законот за употреба на јазиците,пред се употребата на албанскиот,и правата на жртвите од конфликотот во 2001 година.

https://p.dw.com/p/Cg8X
Треба да се постигне единство за законите важни за евроинтегрирањетоФотографија: picture-alliance/ dpa

Во обидот да се зачува божикно новогодишниот мир,лидерите на четирите најголеми парламентарни партии во Македонија ги одбегнаа најделикатните прашања,Законот за употреба на јазиците,пред се употребата на албанскиот,и правата на жртвите од конфликотот во 2001 година.

Тие се дел од т.н. Мајски договор меѓу премиерот и шеф на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и Али Ахмети од ДУИ.

„Мајскиот договор го склучија две партии,едната од нив тоа го признава,другата сеуште го крие“,реагираше лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

„Ние сме отворени за разговор за сите прашања,а дали ќе се договориме за сите останува да видиме во иднина“,рече Груевски.

Челниците на ДПА и ДУИ одбегнаа јавни оценки за средбата.