1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорен временски план за отворените прашања

22 август 2007

Конечно напредок во преговорите меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија. Договорен е временски план за суспензија на спорната иранска нуклеарна програма.

https://p.dw.com/p/BWkQ
Хајонен и ВајадиФотографија: AP

До доцна во ноќта преговарачите во Техеран бараа решение. Потоа излегоа пред новинарите. Иранскиот заменик преговарач Џавад Ваиди зборуваше за ”огромен успех”. Заменик шефот на меѓународните атомски власти Оли Хајнонен ги оцени разговорите како “добри и конструктивни”. Двете страни се согласија за груб временски план во кој се уште треба да се одговорат неколку отворени прашања за иранската нуклеарна програма.

За сега не е познато до кој рок треба Иран да одговори на овие прашања. Дел од нив се незгодни, како на пример тврдењето на Техеран дека атомската програма ја користи само за да обезбеди струја за населението. Иран, за таа цел, сака сам да си го произведува лесно збогатениот ураниум. Но, во пилот фабриката во Натан, која се наоѓа на 300 километри од Техеран, меѓународните инспектори открија траги од високо збогатен ураниум, којшто не се користи во атомски централи за цивилни цели, туку за изработка на атомско оружје.

Иран се оправда дека се работи за Уран, купен во други земји и веројатно не е исчистен од таму. Меѓународните атомските власти не се задоволни со ваквото објаснување. Поради ова сакаат да спроведат нови инспекции во Натан. Иран се согласи и со ова, како и со побараната контрола на местото на кое се гради реакторот во Арак, 250 километри југозападно од Техеран.

Западните земји го обвинуваат Иран дека под закрила дека атомските централи ги користат во цивилни цели, всушност сакаат да произведат атомско оружје. Иран целосно ги отфрла ваквите тврдења. Поради ова, ОН на почетокот од годината воведоа санкции за Иран.

Фактот дека сега Иран седна на преговарачка маса, за многу земји е оценет како позитивен. Поради тоа заострувањето на санкции за Иран за сега е одложено.