1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добро образовани, лошо платени

Жанет Зајферт/ Александра Трајковска15 февруари 2014

Масовно доселување поради сиромаштија од Источна Европа? Актуелните студии даваат поинаква слика: Источноевропските доселеници честопати се добро образовани, но повеќето од половината работат во сектор со ниски плати.

https://p.dw.com/p/1B8Oo
Фотографија: picture alliance/dpa

Украински лекар, кој вози такси во Берлин, хигиеничарка од Бугарија со завршен факултет, докториран хемичар од Романија како чистач на прозорци - вакви се клишеата за доселениците, кои во Германија работат под своите квалификации. Но, очигледно тие не ретко се реалност, ова барем може да се прочита од статистиката на Агенцијата за вработување.

Според тие податоци уделот на источноевропските доселеници кои работат во секторот со ниски плати е особено висок: во декември 2012 година 53 проценти од нив работеле под прагот за ниски примања, значи заработувале помалку од две третини од просечната плата. Кај Германците овој процент е понизок од 20 отсто.

Преквалификувани и премалку платени

Истовремено нивото на образование меѓу доселениците постојано расте, потврдува Нина Нојбекер од Германскиот институт за економски истражувања. „Утврдивме дека оние кои во Германија дошле од 2004. година се значително поквалификувани отколку доселениците од претходните години“. Според статистиките кои таа ги анализирала за една студија на Институтот, две третини од нив имаат завршена обука или факултет. Доколку се диференцираат регионите на потекло, тогаш токму источноевропските земји се натпросечно добри во однос на нивото на образование.

NO FLASH Symbolbild Menschenhandel Freizügigkeit EU Zwangsarbeit Europa
Работа на градилиште и покрај факултетска диплома?Фотографија: picture-alliance/dpa

Осен тоа, со студијата се стигнало до заклучок дека голем дел од Романците и Бугарите, кои по 2007. година дошле во Германија, извршуваат работа која не е соодветна на нивното образование. Во зависност од методот на пресметување, уделот на преквалификувани се движи меѓу 40 и 58 проценти.

Само дискриминација или комплексен проблем?

Од агол на Партијата на левицата актуелната дебата за така нареченото „доселување од сиромаштија“ од Романија и Бугарија запаѓа во поинакво светло. Сабине Цимерман, портпарол на пратеничката група на Партијата на левицата во Бундестагот задолжена за политиките за пазарот на трудот, напротив зборува за „доказ за лошата политика на пазарот на работна сила“. За тоа одговорен е пред сѐ општиот тренд со ниски плати, кои сѐ повеќе оди на товар на доселениците „Тоа е систематска дискриминација, која се одвива таму“, изјави пратеникот на Бундестагот за ДВ. „Многу работодавачи вработуваат лица од овие земји за ниски плати“.

Sabine Zimmermann
Сабине ЦимерманФотографија: picture-alliance/Sven Simon

Според гледиштето на Нина Нојбекер само дискриминацијата не може да ги објасни големите разлики во однос на вработените Германци. Најверојатно за тоа се одговрни редица фактори: „На пример сосема јасно увидовме, дека многумина доселеници поретко располагаат со дипломи за квалификација за одредена професија отколку Германците“, вели економскиот стручњак Нојбекер за ДВ. Во многу земји, исто и во ЕУ, класична обука за одредена професија не е толку проширена како во Германија.

Друга важна причина е тоа што на многу луѓе странските дипломи не им се признати во Германија - или тоа се случува со големи потешкотии. „Тука не се користи вистински потенцијалот“, забележува експертот.

„Мислам дека едноставно се прави премалку, за постапката за признавање да се спроведе брзо - но, тоа со оглед на потребата од стручна сила е итно неопходно“, критикува Сабине Цимерман од Партијата на левицата. Збунувачката германска „џунгла за надлежности“ е друга голема пречка: за воспитните професии, наставници, негуватели се надлежни покраините, другите професии се регулираат на сојузно ниво.

Работиме на тоа, се вели на поркраинско ниво: На пример во иднина треба да важат изедначени критириуми за здравствените професии. Досега во Германија за ова важат различни услови: тоа значи ако еден Романец во Северна Рајна Вестфалија може да работи како негувател на стари лица, истото ни од далеку не може да го работи во Баварија. Во пет германски покраини доселениците досега немаа ниту право на тоа да им бидат проверени нивните дипломи.