Добри вести од пазарот на работна сила
2 март 2007Силниот подем на конјуктурата, како и благата зима придонесоа невработеноста во Германија во рамките на една година да се намали како никогаш досега од 1949 година.За февруари Сојузната служба за труд регистрира 4,2 милиони невработени.И,тоа е најголемо намалување на невработеноста во споредба со претходниот месец од основањето на Сојузната република.
До пред една година Германија од аспект на Европа се сметаше за болна.Сега има нов тренд:во се повеќе региони,бранши и професии се забележува недостаток на работна сила.Причината:подемот на конјуктурата го достигна и пазарот на труд.Германија,која со години во Европа беше последен вагон во возот,сега стана движечка локомотива.Тоа се рефлектира позитивно во повеќе правци.Најважно:расте ефикасноста на стопанството,расет бројот на вработени,бројот невработени се намалува.
Притоа не расте вработеноста толку само во мини вработувањата,туку и во целосните вработувања ,за кои се плаќаат сите социјални давачки.Има се повеќе работа,а работните односи се пофлексибилни.Работното време на претпријатијата и на фабриките се повеќе се разграничува од индивидуалното работно време.
Од 2003 година бројот на работни часови во претпријатијата во просек од 58 пораснал на 64 неделно.Германија стана и пофлексибилна.Стопанството ги искористи кризните години за модернизација и интернационализација. Способноста на меѓународна конкуренција е поголема од кога било порано.
Се разбира,бројот невработени од 4,2 милиони е сеуште висок,но тој е за 826 илјади помал од претходната година,а има и добра тенденција.Експертите сметаат дека бројот луѓе без работа ќе слезе на 3,9 или дури 3,6 милиони.Притоа важи:колку расте конјуктурата,толку се намалува невработеноста.Се бараат не само инженери,туку и трговци,градежници и други занаетчии.
Зголемената вработеност не само што го подобрува лошото расположение,туку и самата дава поттик за конјуктурата.Растечкиот извоз и порастот на инвестициите ја поттикнува и приватната потрошувачка.,што е особено важно,зашто таа е повеќе од половина од брутодомашниот производ.И не само тоа:преку поголема вработеност се намалуваат финансиските проблеми на државниот буџет и социјалното осигурување.Повеќе работа значи повеќе платен данок,повеќе придонеси во касата за пензиско и здравствено осигурување.
Но,за жал,подемот е ограничен на мобилните вработени со квалификации.Невработените со подолг стаж и со здравствени проблеми и тие без квалификации и натаму тешко наоѓаат работно место.И покрај 850 илјади отворени конкурси,бројот лица со долгогодишна невработеност расте.Тоа покажува дека најдобро осигурување против невработеноста е образованието и квалификациите,како и подготвеноста за доживотно дообразование.За жал,и натаму околу 10 проценти од учениците остануваат без квалификации.Од оваа група се регрутираат невработените и примателите на социјална помош.