1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добра вест за Грција, загриженост за Шпанија

13 март 2012

Еврозоната има нова грижа: Шпанија, според мислењето на европските министри за финансии мора да вложи дополнителни напори, за да ги стави под контрола своите финансии. За Грција од средбата на министрите има добра вест.

https://p.dw.com/p/14JiP
Фотографија: AP

Повеќемесечните преговори за вториот пакет помош за Грција се приближуваат до крајот: Натамошни 130 милијарди евра треба да се влеат во касата на Атина. Шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер по синоќешната средба истакна дека одлуката е донесена. Во некои земји треба да се минат уште одредено парламентарни пречки. Одлука на минситрите затоа најверјотно конечно ќе биде потврдена во среда на телефонска конференција на високи претставници на министерствата за финасии.

„Ова е втора шанса за Грција која не смее да биде пропуштена“, изјави премиерот на Луксембург Јункер и истовремено изрази оптимизам дека во четврток и ММФ ќе даде согласност за нова помош за Грција.

Шпанија мора позасилено да штеди

Европските министри истовремено го зголемуваат притисокот врз Шпанија, да го стави под контрола дефицитот. Владата во Мадрид годинава очекува дефицит од 5,8 проценти од брутодомашниот производ, наспроти првично со ЕУ договорениот дефицит од 4,4 проценти. Изминатата година буџетскиот дефицит на оваа јужноевропска земја веќе изнесуваше 8,5 проценти. Буџетските цели изминатата година беа „значително надминати“, со тоа „се отвора потребата за поголеми напори за консолидација годинава“, појасни Јункер.

Eurogroup Brüssel
Шефот на еврогрупата Жан Клод ЈункерФотографија: AP

Земјите на еврото бараат од Шпанија, освен најавените мерки за штедење да вложи натамошни напори и да заштеди дополнителни 0,5 проценти, со што очекуваниот буџетски дефицит би се намалил на 5,3 проценти.

„Ставот на еврогрупата, кој комисијата целосно го споделува е, дека шпанската влада би требала да обезбеди 0,5 проценти од веќе најавеното коригирање на дефицитот“, изјави еврокомесарот Оли Рен.

„Важна одлука“

Засега е неизвесно колку овој договор е обврзувачки. Во соопштението на еврогрупата се вели дека шпанската влада „изразила готовност“, „да ги земе предвид“ барањата на еврогрупата при поставувањето на буџетот за 2012 година.

Со оглед на лошата економска состојба, со ова очигледно и се остава поголем простор на шпанската влада за намалување на дефицитот. Земјите на еврото меѓутоа полагаат на тоа дека, Шпанија идната година повторно да ја оддржи европската граница за нови задоолжувања од 3,00 проценти, се вели во извештајот на еврогрупата. Ова би внело доверба во шпанското стопанство и во евозоната, подвлече ресорниот еврокомесар Оли Рен. Рен и Јункер оценија дека оваа определба за шпанскиот дефицит е „важна одлука“.

Автор: АТ/ КХ/ СН/ дпа/ афп/дапд/ртр

Редактор: Симе Недевски