Добитници на наградите на Квизот “Кој ќе биде европски првак во фудбал?”
13 декември 2004Непосредно пред и за време на Европското фудбалско првенство во Португалија Ве поканивме да го прогнозирате идниот првак. Шампионатот донесе огромно изненадување – Грција го освои првото место! Тоа не можеше да го предвиди никој од експертите, па не е чудно што ни во нашиот квиз само мал дел од учесниците погодија – и тоа сите во одговори испратени пред самата завршница на првенството, кога дел од фаворитите веќе беа елиминирани. Доминираа прогнозите за Португалија, Чешка, Франција, имаше и по некој глас за Германија или Холандија.
Првата награда, фудбалската топка која истовремено потсетува и на кандидатурата на Лајпциг за организација на Олимписките игри 2012-та, му припадна на Тоше Ризов, кој одговорот го испрати по со и-мејл.
При извлекувањето на добитниците на другите 9 фудбалски топки среќата им се насмевна на следниве учесници со точен одговор на квизот:
Петар Костоски од Скопје,
Ивана Групче од Охрид,
Михаил Спиркоски од Прилеп,
Иван Димчевски од Велес,
Мирка Симовска со одговор испратен по и-мејл,
Ангеле Групче од Охрид,
Трајчо Арсов од Кочани,
Вјекослав Мргудиќ од Оребиќ во Хрватска и
Георги Спиркоски од Прилеп.
Во оваа пригода уште еднаш Ви заблагодаруваме за учеството во квизот. На добитниците им честитаме на наградите, кои веруваме ќе им приредат задоволство.